Гринкевич: Македонската успешна приказна заслужува да биде претставена на самитот на НАТО
Претседателката и Врховна командантка на вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска имаше средба со генерал Алексус Грегори Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа. За неа, неговата официјална посета на земјава е потврда за интересoт и посветеноста на НАТО кон зачувувањето на мирот, безбедноста, стабилноста и единството на регионот









