Еурофарм Пелистер: Изборот падна на олимписки и светски првак, хрватскиот тренерски маг
Големиот Лино Червар прави кам бек во Македонија. Местото каде направи револуција со проектот Металург, потоа ја водеше репрезентацијата и произведе млад кадар. Овој пат доби задача во Еурофарм Пелистер каде се обврза на двегодишен договор. Битолчани со гордост го најавија.









