Најмладиот милионер во Македонија има четири години, добил дивиденда, а најстариот пензионер 97 години
Дете од четири години остварило 3,1 милион денари од дивиденда, а 97-годишен пензионер 1,089 милиони денари, од кои 59 отсто од пензија, а останатото од дивиденда, покажуваат податоците од Управата за јавни приходи (УЈП) за 2025 година. Како што информира директорката на УЈП, Елена Петрова, минатата година се поднесени 863.100 даночни пријави од граѓани










