МЗТ Скопје со трофеј ја отвори сезоната, го освои Суперкупот на Македонија
МЗТ Скопје со трофеј ја започна новата сезона на домашната кошаркарска сцена. Актуелниот шампион го освои Суперкупот на Македонија откако во драматичен натпревар го совлада МКК Куманово со 70-68. Во кумановската сала се одигра вистинска кошаркарска битка, во која победникот беше решен дури во самата завршница. МЗТ Скопје влезе во дуелот како фаворит





