Започнува јубилејниот 50 -ти турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта
Дебрца, 18. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва започнува јубилејното 50-то издание на традиционалниот Турнир во мал фудбал „Петровден“ што се одржува во селото Мешеишта. За спортскиот настан што полни пет децении обединува генерации, страст и фудбалска магија годинава има голем интерес. Вкупно 34 екипи, поделени во 8 групи ќе се борат за престиж и за