Русе Арсов заминува по 30 години во МКЦ „Се сведовме на месен дом на култура“
Русе Арсов, продуцент, раководител на драмската програма во Младинскиот културен центар и извршен директор на фестивалот Млад отворен театар, поднел оставка на 2 ноември по 30 години работа во институцијата. Заминувањето го образложува со остри критики за губењето на публиката, идентитетот и луѓето што го создавале МКЦ. Одлуката доаѓа непосредно пред



