Репрезентативецот Имран Фетаи од Шкендија потпиша за Динамо Букурешт
Имран Фетаи кариерата ќе ја продолжи во романската Суперлига, откако Динамо Букурешт официјално ја активираше откупната клаузула од неговиот договор со Шкендија. Македонскиот вицешампион ја потврди разделбата со дефанзивецот, наведувајќи дека со исполнувањето на сите договорни обврски и завршувањето на административните процедури, фудбалерот ќе му






