ЗА ПРВ ПАТ ПО ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО: МАКЕДОНИЈА ИЗБРАНА ВО ЕКОСОК, Економски и социјален совет на ОН
Мицкоски: Огромно признание за државата – влегуваме во едно од клучните тела на ОН
Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски соопшти дека државата за првпат од осамостојувањето е избрана во едно од водечките тела на Обединетите нации – Економски и социјален совет на Обединетите нации (ЕКОСОК), при што добила 174 гласа поддршка. Како што истакна Мицкоски, изборот во ЕКОСОК за периодот 2027–2029 година претставува голем успех за државата



