„Симбиоза“ – самостојна изложба на Стефан Златев во Сули ан
Во галеријата „Драгутин Аврамовски-Гуте“ на Факултетот за ликовни уметности во Сули ан, во Старата скопска чаршија, на 25 март во 19:30 часот ќе биде отворена првата самостојна изложба на Стефан Златев. На неа авторот ќе се претстави со дела преку кои визуелно го истражува односот на човекот кон природата, попрецизно кон малите форми на живот. Со суптилна








