Кривична за охриѓанец, нападнал сограѓанин, па бил агресивен кон полицајци
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(46) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 05.12.2025 кај каналот „Студенчишта“, пријавениот физички го нападнал Г.Т. од Охрид, а при службен разговор во СВР Охрид агресивно се однесувал кон полициските службеници, известија од МВР.
Брутален грабеж среде бел ден во Охрид – жртва 82-годишен маж, кому арамијата му влегол дома и му го зел паричникот со сите пари
На 08.12.2025 година во 12:29 часот во СВР Охрид е пријавено дека околу 10 часот, во домот на 82-годишен жител на Охрид, едно лице влегло и со употреба на физичка сила му го одзело паричникот со пари. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следува соодветна пријава.
Лице од Охрид физички ја нападнало сопствената мајка
Охрид, 9. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 8 декември 2025 година, во 14:10 часот во Охрид, полициски службеници лишија од слобода 41-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од неговата 65-годишна мајка, дека физички ја нападнал. – По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
Постар охриѓанец ограбен во сопствениот дом, непознат сторител со употреба на физичка сила му го одзел паричникот
Охрид, 9. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 8 декември 2025 година, во 12:29 часот во СВР Охрид е пријавено дека околу 10:00 часот, во домот на 82-годишно лице од Охрид, едно лице влегло и со употреба на физичка сила, му го одзел паричникот со пари. – Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следува соодветна пријава, информираат од СВР




