Хидрата контра октоподот
Повозрасните сигурно се сеќаваат на (наводно) беспоштедната борба контра октоподот, најавена од Црвенковски, тогашен лидер на СДСМ, во деведесетите години на минатиот век. Од борбата, нормално, не стана ништо – настрада само менаџерот на годината, „стручњакот“ Николовска, миленичка на Глигоров и тогашната власт. За многумина таквата разврска беше разбирлива: