Мечка четврти пат упадна во слаткарница
Слаткарницата „Глејдс Хоуммејд Кендис“ во туристичкиот град Гатлинберг повторно била цел на упад од мечка, што е четврти ваков инцидент во објектот, пренесуваат локални медиуми. Според снимките од надзорните камери, животното насилно ја скршило стаклената врата, влегло внатре и ги превртело полиците, по што извадило и консумирало слатки производи.


