Валах од Вардар ја има една од најдобрите пет одбрани во ЛШ
Европската ракометна федерација, ЕХФ, направи избор од пет најдобри одбрани во петтото коло на Лигата на шампионите, а една од петте е на голманот на Вардар, Милош Валах. Полјакот кој го брани голот на Црвено-црните, блескаше на гостувањето кај Нант и имаше дури 17 одбрани, од кои најатрактивна беше таа кога ги спречи Французите да постигнат убав гол










