Специјалци спасија вработени на А1 кои цела ноќ и без сигнал биле заглавени кај Лазарополе
Вчера (10.01.) во 23:30 часот, во СВР Тетово било пријавено дека двајца вработени во мобилниот оператор А1, кои се наоѓале над село Лазарополе, во близина на базната станица на операторот, биле заглавени во снег. Со лицата не можело да се воспостави контакт поради отсуство на мобилна мрежа. Веднаш по пријавата, случајот бил проследен до ПО Ростуше,









