Француска скијачка почина по несреќа на тренинг
Француската скијачка Марго Симон почина на 18-годишна возраст по несреќа за време на тренинг во Вал д’Изер, соопшти денеска Француската скијачка федерација. Симон претрпе сериозен пад, по што лекар веднаш се обидел да ја реанимира, но не успеал да го спаси животот на младата француска скијачка. Сите детали околу трагичниот настан сè уште не се познати