Гугл го слави 25. роденден, бил лансиран од гаража, а денес има центри во над 200 градови
Гугл, најпопуларниот интернет пребарувач на светот, овој месец одбележува 25 години постоење. Тој беше креиран од докторандите Сергеј Брин и Лери Пејџ, кои се запознале на програмата за компјутерска наука на Универзитетот во Стенфорд. Двајцата ја делеле визијата интернетот да се направи подостапно место и работеле заедно во нивните студентски соби