Москва: Доколку Киев ја попречи парадата за Денот на победата, ќе започнеме масовен ракетен напад
Во случај украинската војска да се обиде да ги попречи прославите на Денот на победата во Русија на 9 мај, Москва ќе започне масовен ракетен напад врз Киев, објави денес руското Министерство за одбрана. „Доколку украинските вооружени сили го прекршат прекинот на огнот во зоната на Специјалната воена операција или се обидат да нападнат населени места










