Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
Големиот пожар што избувна вчера околу пладне и се прошири кон Струмица, до месноста Софилар, е ставен под контрола, информира командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев. Пожарот се контролира на потегот од селата Водоча и Баница до Софилар, а активно горење има само на едно тешко пристапно место во Водоча. Во гаснењето учествуваа струмичките пожарникари,









