И ЕК контра „ветувањето“ на Мишел за Западен Балкан: ЕУ не е фокусирана на датумот, туку на заслугите
Проширувањето на Европската унија е политички приоритет за Европската комисија, но тоа е процес заснован на заслуги, изјави денеска портпаролката на ЕК, Дана Спинант. На прес-конференцијата, кога станува збор за проширувањето, таа истакна дека ЕК не е фокусирана на датумот, туку на блиска соработка со земјите кандидати за подготовка за влез во ЕУ.