Подгответе го автомобилот за зима уште во октомври: Што мора да проверите пред првиот мраз?
Кога температурите паѓаат, гардеробата ја менуваме без многу размислување. Палто излегува од плакарот, шалот повторно ни е потребен, а капата завршува во џебот од јакната. Автомобилот, пак, често останува ист како во средината на август: со истите гуми, истата течност за миење на стаклата и истиот акумулатор што цело лето работел без ниту една забелешка


