Петрова: Не е разговарано за евентуално укинување на „Мој ДДВ“, но заклучок е дека мерката не го даде посакуваниот ефект
Не е разговарано за евентуално укинување на мерката „Мој ДДВ“, изјави директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, во вчерашното интервју во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма . „Не можам да кажам дека постои таква одлука или намера, но кога станува збор за мерка што троши јавни средства, мора да се анализира нејзината ефикасност










