Чекори судат ли во НБА?
Предводени од фантастичниот Ентони Едвардс со 45 поени и 10 скока, Минесота го совлада Мајами убедливо со 131:106. Јанис Адетокумбо дебитираше за поразениот тим со 35 поени. Ламело Бол даде 21 поен, а на социјалните мрежи кружи една негова тројка, која судиите мртви ладни му ја признаа.

