ОЈО ГОКК: Осомничени уште седум лица за организираниот транспорт на марихуана од Македонија во Србија
Досегашниот тек на истрагата, што од февруари годинава се води во ОЈО ГОКК за организираниот транспорт на марихуана од Македонија во Србија, укажува на поширок круг инволвирани лица во организираната криминална активност поради што осомничени се уште седум нови лица, информираат од обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.










