ФФМ ги претстави новите дресови на Македонија
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги претстави новите дресови на македонската фудбалска репрезентација, со кои националниот тим ќе настапи во претстојните плеј-оф натпревари за Светско првенство. По повеќе од една деценија, во фокусот повторно се враќа жолтата боја, која, како што велат од ФФМ, не е само избор, туку чувство и симбол на препознатливост










