Нафтата поевтинува втор ден по ред по сигналите за можен договор меѓу САД и Иран
Цените на нафтата бележат ново намалување веќе втор ден по ред, откако пазарите реагираа на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за можен напредок во односите со Иран. Нафтените пазари беа под притисок уште од почетокот на тргувањето, при што „Брент“ се намали за околу 1,5 отсто и се спушти на 108,18 долари за барел, додека „ВТИ“ падна










