Вучиќ против иницијативата во Вашингтон: Србија ќе се бори Косово да не влезе во НАТО
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија ќе се бори против обидите Косово да се интегрира во НАТО, откако тројца американски конгресмени во Претставничкиот дом поднесоа резолуција со која се изразува поддршка за приближување на Косово кон Алијансата. Вучиќ, говорејќи во Панчево, рече дека е запознаен со иницијативата и оцени дека таа




