„Кралски“ предизвик за Димитријевиќ и Баерн, Монако пред портите на топ-6
Регуларниот дел од најквалитетната европска кошаркарска лига, Евролигата, се ближи кон самиот крај, па секоја победа е значајна во битката за влез во топ-6 или во топ-10 екипите на табелата. Баерн Минхен веќе нема шанси да влезе во разигрувањето, но нашиот Ненад Димитријевиќ ќе има можност да ги покаже своите квалитети против Реал Мадрид на гости.

