Гевгелија подготвена за футсал финалето: Кеги Моби и Проект во битка за Куп трофејот
Утре, 29 април (среда), со почеток од 20:30 часот, во СЦ „26 Април“ во Гевгелија ќе се одигра финалето од Купот на Македонија во футсал, каде за трофејот ќе се борат КМФ Кеги Моби од Велес и КМФ Проект од Валандово. Патот до финалето беше различен за двете екипи. КМФ Кеги Моби дојде до финалето по неизвесни натпревари. Во осминафиналето го победи Шкупи



