Родољуб Анастасов – најмаркантната и најавтентична појава на нашата ликовна сцена; Одржана комеморација за доајенот на македонското сликарство
Со една минута молк, денеска, во Галеријата „Јустина и Родољуб Анастасов“ при Музејот на Град Скопје, а во присуство на значајни претставници на ликовната, академската и на културната сцена на Македонија, почна комеморацијата за доајенот на македонското сликарство, еден од најважните автори во современата македонска уметност и професор од првата генерација




