ЕХФ му симна капа на Фитиљ: МВП издание на Кузмановски
Филип Кузмановски ја одигра најдобрата партија во својата кариера кога станува збор за европските клупски натпреварувања. Капитенот на Еурофарм Пелистер против Гдањск на гостински терен постигна 15 голови, рекорд во неговата кариера. За жал оваа партија не беше доволна за да неговиот тим дојде до победа, на крајот остана да биде задоволен со реми (31-31)










