Санкционирани 101 непрописно паркирано возило во Центар
Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ во соработка со сообраќајната полиција, во периодот од 02.06. до 08.06.2025 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 101 непрописно паркирано возило кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка