Ќе пееме класична музика и македонски народни песни на Концертот во Скопје, кажа Ана Дурловски
Оперските пејачи Ана и Игор Дурловски на 6 декември ќе одржат заеднички концерт насловен „Завет“ во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. Концертот, кој го организира „Пасворд продукција“, беше најавен на прес-конференција во Скопје како нивна најголема заедничка концертна продукција досега во Македонија. Дурловски ќе настапат во придружба






