Евролига: Ц. Звезда го урна европскиот шампион, Партизан го прегази Макаби
Кошаркарите на Црвена звезда славеа голема победа на гостувањето кај Олимпијакос со 62:57 во натпреварот од 10. коло во Евролигата. Белградскиот тим одигра речиси совршено прво полувреме, стекна предност од 18 поени (40:22), а потоа издржа силен налет на домаќините и го сочува триумфот во драматична завршница. Џонс уште еднаш покажа дека може да преземе


