ФОТО НА ГОДИНАТА: Шаби е голем борец и надвор од теренот!
Македонскиот одбојкарски репрезентативец Дарко Ангеловски-Шаби не само што е голем борец на теренот, туку покажува храброст и надвор од спортот. Познато е дека Шаби веќе две години работи како пожарникар, професија која, исто како и одбојката, бара тимска работа и посветеност – нешто што него му прилега. Токму тој беше дел од екипата која интервенираше


