„Читаме денес за подобро утре“ – зелена акција на „Сакам книги“
Во Мега паркот во Карпош 4, Скопје, в понеделник (6 април) во 11 часот, издавачката куќа „Сакам книги“ организира настан за садење дрвја, како дел од својата поширока општествено-одговорна мисија. Настанот се реализира во соработка со Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, при што издавачката куќа донира садници за пошумување и директно придонесува


