Србија ќе брка победа со повеќе гола разлика, за да може на раат да ги гледа Германија и Шпанија
По неочекуваната победа над фаворизираната Германија, селекцијата на Србија има адут да оди во следната фаза. Во последното трето коло игра против Австрија и со триумф со што е можно поголема разлика, сигурно останува во игра на континенталниот собир и ќе биде дел од главната фаза. Австрија загуби во првите две кола и нема никаква шанса да оди понатаму,










