Талевски: Нема простор за потценување, одиме на нова победа против Ла Фиорита
Спортманија во Сан Марино, Трајан Маневски Македонскиот претставник во квалификациите за Конференциската лига, Вардар, веќе се наоѓа во Сан Марино, каде што в четврток ќе го одигра реванш натпреварот од првото квалификациско коло против Ла Фиорита. Црвено-црните ја оправдаа улогата на фаворити на првиот меч во Скопје, каде што славеа убедливо со 3-0