Инцидент меѓу две жени во трговски центар во Скопје – МВР со детали
Физичка пресметка меѓу две жени била регистрирана вчера околу пладне во трговски центар на подрачјето на Општина Центар во Скопје, по што двете учеснички меѓусебно поднеле пријави во полиција. Според информациите од СВР Скопје, настанот се случил околу 12:20 часот, кога 41-годишната С.К.П. пријавила дека била физички нападната од 56-годишната М.Д.









