Охрид пишува европска приказна – повик до навивачите за силна поддршка во реваншот со Олимпијакос
Ракометниот клуб Охрид продолжува да испишува нови страници во својата европска историја, откако со одлична игра славеше на гостувањето во Атина против Олимпијакос. Победата на гостински терен е значаен чекор, но од таборот на охридскиот клуб потенцираат дека работата сè уште не е завршена и дека клучните 60 минути допрва следуваат на домашен терен





