40 години Парк Македонија во Перт: Македонската заедница во Западна Австралија организира голема дводневна прослава
Македонската заедница во Западна Австралија на 21 и 22 март 2026 година во Перт ќе организира свечена прослава по повод 40-годишнината од официјалното отворање на Паркот Македонија, кој е еден од најзначајните симболи на македонската дијаспора во Австралија. Јубилејот одбележува четири децении од отворањето на Паркот Македонија на 22 март 1986 година,


