Дубаи го изненади Фенербахче
Кошаркарите на Дубаи приредија големо изненадување во Евролигата, откако на домашен терен го совладаа актуелниот европски шампион Фенербахче со 92-81 во на 21-то коло. Турскиот тим тешко влезе во ритам уште од самиот старт, што домаќините умешно го искористија и постепено ја зголемуваа предноста, држејќи ја контролата врз натпреварот до самиот крај

