Американската авторка Сара Пеканен доаѓа во Скопје на средба со читателите на Саемот на книгата
Издавачката куќа Арс Ламина најави гостување на американската авторка на психолошки трилери Сара Пеканен, која на 25 април ќе престојува во Скопје. Настанот e официјално објавен на платото пред Арена Борис Трајковски, каде од 23 до 29 април ќе се одржи Саемот на книгата 2026. Пеканен ќе биде дел од програмата на штандот на „Арс Ламина“, со што ќе започне










