Мбапе морал да „лаже“ поради Реал околу случајот со повредата на коленото
Новинарот Даниел Риоло, кој пред два дена откри за големата грешка на лекарите на Реал Мадрид при првичната дијагноза на повредата на Килијан Мбапе, е убеден дека Кралскиот клуб го замолил Французинот да лаже на вчерашната прес-конференција. Напаѓачот изјави дека информацијата за тоа дека медицинскиот тим го прегледал погрешното колено не е точна.








