Состојбата на Дачиќ и понатаму сериозна
Здравствената состојба на вицепремиерот на Србија и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, е стабилна, но и понатаму сериозна, соопштија лекарите од Универзитетскиот клинички центар на Србија, пренесува РТС. Дачиќ е хоспитализиран на Клиниката за пулмологија поради билатерална пневмонија, по што бил интубиран и ставен на механичка вентилација.









