Аеродром добива современ сквер зад трговскиот центар Капитол
Санацијата и рехабилитацијата на јавната пешачка површина – скверот зад ТЦ Капитол во Општина Аеродром – се во завршна фаза, соопшти премиерот Христијан Мицкоски преку видео објава на Фејсбук. Со овој проект, запуштениот простор ќе се трансформира во современ и функционален сквер, прилагоден на урбаниот карактер на општината и потребите на жителите



