Охрид се сеќава на своите великани: На денешен ден во 2016 година почина Александар Леко Радич
Охрид, 17. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден, 17-ти јуни во 2016 година, на 87-годишна возраст почина Александар Леко Радич, легенда на охридското и македонското пливање. Покрај тоа што беше голем пливачки шампион и врвен тренер, познатиот професор, пливачка легенда и доајен на маратонското пливање, Леко Радич се смета за еден од основоположниците