Мажот имал проблеми во кревет после 10 години брак (виц)
Си легнуваат мажот и жената во спалната и мажот вели: – Жено, почнав да се чувствувам чудно кога ја правиме онаа работа! Еднаш ми е многу топло, друг пат ми е многу студено! – Па како да ти биде кога едниот пат е во јуни, а другиот во јануари бе?!
Жената била на курс до 10 вечерта (виц)
Мажот нервозен цела вечер ја чека жената да се врати. 8 ја нема, 9 ја нема и конечно во 10 се враќа. Мажот изнервиран веднаш започнува кавга: – Ти куќа имаш ли мори? Знаеш ли колку е часот? – Полека бе смири се. – Нема да се смирам, кажувај каде беше до сега? – Бев на курс. – А тоа “с” на крај за звучност ли го додаваш? – Не, за множина.
Македонска предигра (виц)
Се пристемнило и мажот ѝ вели на жената: – Жено, сакаш ли да си играме каубојци и индијанци? – Ехееј, секако дека сакам – кокетно одговара жената. – Трчај тогаш по „огнена вода“ додека не затворил Тинекс.




