Акциска сообраќајна контрола во Гостивар: Изречени се 59 санкции, одземени пет возила
Во акциска контрола спроведена од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, на подрачјето на Гостивар, изречени се вкупно 59 санкции за различни сообраќајни прекршоци. Контролата била реализирана на 4 март 2026 година, во периодот од 07:00 до 13:00 часот, на подрачјето на СВР Тетово – ОВР Гостивар, со цел санкционирање на возачи








