Прогласена епидемија во Гостивар, утре резултатите од анализите на водата
Центарот за јавно здравје Тетово прогласи епидемија на територијата на Општина Гостивар поради наглото зголемување на бројот на заболени со гастроентеритис и надминување на лимитот на неделно ниво. Како што соопшти епидемиологот д-р Зорица Зафироска, во последните 24 часа на Инфективното одделение во гостиварската болница се прегледани 204 пациенти,










