Потресна исповед на синот на Михаел Шумахер: „Тато, би дал сè само повторно да разговараме...“
Мик Шумахер, синот на легендарниот седумкратен светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, проговори за болката што ја носи по тешката несреќа на неговиот татко во 2013 година. Во емотивна исповед во документарен филм на „Нетфликс“, Мик откри колку му недостигаат разговорите со татко му, особено сега кога и самиот изгради кариера во автомобилизмот







